June 27, 2022 18:24
Спорт

Швјонтек без загубен сет го освои турнирот во Рим

Ига Швјонтек продолжи да доминира на женските тениски турнири откако полската шампионка се закити со пехарот во Рим. Таа во финалето се сретна со Жабур, лесно совладувајќи ја оваа ривалка со 6-2, 6-2, за зацврстување на првото место на ВТА-листата.

Ова беше вкупно 28. победа во низа за Швјонтек, што е најдолга победничка серија во женскиот тенис по онаа на Жастин Анин, која имаше 32 победи во 2008 година. Полската тенисерка досега има одиграно осум финалиња и притоа забележа исто толку победи, не губејќи ниту еден единсствен сет (само 28 загубени гејма во 12 сетови).

За доминацијата во Рим најдобар доказ е фактот дека таа не само што не загуби сет, туку на противничките севкупно на турнирот им препушти само 21 гејм.

Со ваква форма, јасно е зошто Швјонтек како огромна фаворитка ќе влезе во претстојното натпреварување на Ролан Гарос.

go88 pc go88 like phần mềm hack tài xỉu go88

Sunwin – Ông Hoàng đổi thưởng, đẳng cấp game bài đại gia sunwin không vào được app tải sunwin