Хроника

Шверцер од Прешево со „мерцедес“ полн со мигранти се истумбал кај Градско

На 09.04.2021 околу 06.00 часот, на излезот од Градско, полициски службеници од Регионален центар Југ – Полициска станица за граничен надзор Михајлово во координација со ОВР Неготино го лишиле од слобода М.Ф.(23) од Голем Дол, Прешево, Србија, кој управувал патничко возило „мерцедес”, со српски национални ознаки поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти”.

Имено, во 05.30 часот кај клучка Демир Капија, возилото било забележано и на даден знак за сопирање од полициски службеници возилото не застанало, туку ја зголемило брзината и се упатило кон Неготино, а потоа кон Градско.

На излезот од Градско М.Ф. изгубил контрола и возилото се превртело. Покрај возачот, во возилото биле пронајдени 12 лица мигранти. Две од лицата се пренесени во болница во Велес за укажување на лекарска помош.

Во врска со настанот лишен од слобода е и Ј.А. од Прешево, кој управувал патничко возило „пасат”, со српски национални ознаки, кој бил претходница.

За настанот е известен Јавен обвинител, а против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.

AnimeDao animedao weathering with you: Watch Boku no Hero Academia 5th Season Episode 2

AniWatch watch anime: Watch Hunter x Hunter Episode 89