September 23, 2019 14:22
Магазин

Шведски научник предлага канибализам за борба против климатските промени

Шведскиот бихејвјористички научник Магнус Содерлунд вели дека јадењето други луѓе откако ќе умрат може да биде средство за борба против климатските промени.

Содерлунд ја спомена можноста за канибализам во емисија на шведскиот телевизиски канал ТВ4 неделава посветена на саем во Стокхолм за „храна на иднината“. Тој треба да одржи семинар на овој настан, насловен „Гастро-самит за иднината на храната“ на кој има намера да разговара за можноста за јадење луѓе во име на намалување на стакленичките гасови.

Според неговото истражување, главниот проблем со идејата е широко распространетото табу околу јадењето човечко месо и тврди дека конзервативните ставови може да го отежнат убедувањето на Швеѓаните воопшто да ја преземат практиката на канибализам.

Без оглед на веројатниот огромен отпор кон идејата за јадење луѓе, Содерлунд смета дека е важно да се испитаат различни опции во името на одржливоста.

Содерлунд не е сам во повикот да се отфрли канибализмот како табу.

Минатата година, посзнатиот атеист и еволутивен научник Ричард Докинс пропагираше за месо создадено во лабораторија и посочи дека тоа може да се искористи за надминување на нашето табу против канибализмот.

Психолозите Џеред Пјаца и Нил Меклачи од универзитетот „Ланкастер“ исто така го прреиспитуваа табуто за канибализмот во статија за „Њусвик“ минатиот месец, но не го поддржаа неговото кршење.

Канибализмот не е единственото „алтернативно месо“ за кое се залагаат активистите за климатски промени. Многумина прифатија имитации на месо од растително потекло додека други го поддржаа „месото“ од инсекти како начин да се намалат стакленичките гасови и да се заштедат земјиштето и водата.

Анкетата на YouGov во Велика Британија откри дека 37 отсто од испитаниците сметаат дека бројот на прехранбени производи што содржат инсекти ќе расте во наредните 10 години

Нови вести

„Зборовите имаат тежина” на Идеа Плус Скопје – меѓу најдобрите 25 проекти на BalCannes во регинотот за 2019 година

Valentina

Били Портер на доделувањето на наградите Еми носеше костум со повеќе од 100.000 кристали

Valentina

Американците најбогата нација во светот, ги надминаа Швајцарците

Valentina