January 21, 2021 08:21
Свет

Шведска усвои привремен закон за затворање приватни компании за заштита од вирусот

Шведскиот Парламент денеска усвои привремен закон, кој и дава на Владата нови овластувања за да може да затвора приватни компании со цел да се запре ширењето на коронавирусот.

Премиерот на Шведска, Стефан Лофвен изјави за телевизијата СВТ дека тој, со оглед на фактот дека епидемијата ќе продолжи уште некое време и дека не е познато во кој обем ќе биде, очекува наскоро да се спроведе новиот закон.

– Ќе го искористиме во блиска иднина, најави шведскиот премиер.

Законот претставува значаен чекор за шведската влада кон пристапот на задолжителните мерки усвоени од поголемиот дел од Европа.

Досега, на Швеѓаните им беше советувано да одржуваат социјална дистанца, да ги мијат рацете и да работат од дома секогаш кога е можно, а на приватните компании како продавници, ресторани или спортски сали им беше дозволено да останат отворени за време на пандемијата.

Watch So I'm a Spider, So What? Episode 2 at Crunchyroll black clover free episodes vrv

Dr. Stone (https://gogoanime.be/m/aYp9) Episode 24 at GoGoAnime overlord gogoanime