June 23, 2022 17:46
Свет

Шведска испраќа дипломати во Турција да го разубедат Ердоган

Шведска ќе испрати дипломати во Турција за да се обиде да ги надмине приговорите на Анкара на нејзиниот план за пристап во НАТО, рече министерот за одбрана Петер Хултквист, а официјалната одлука за поднесување апликација за членство во НАТО се очекува подоцна истиот ден.

„ Ќе испратиме група дипломати на разговори со Турција за да видиме како ова може да се реши и за што всушност се работи“, изјави министерот за одбрана Питер Хултквист за јавниот сервис СВТ.

Владејачките социјалдемократи се откажаа од 73-годишното противење за влез во НАТО. Тие изразија желба брзо да се приклучат на НАТО, напуштајќи ја децениската неутралност откако Русија ја нападна Украина.

Соседна Финска вчера потврди дека официјално ќе поднесе барање за членство во НАТО.

Сепак, Турција ги изненади своите сојузници во НАТО укажувајќи на тоа дека нема да гледа позитивно на барањата на Финска и Шведска, а претседателот Ердоган рече дека „скандинавските земји се рај за терористичките организации“. Турција соопшти дека сака скандинавските земји да престанат да ги поддржуваат курдските милитантни групи присутни на нивната територија и да ја укинат забраната за продажба на одредени оружја на Турција.

НАТО и САД велат дека се убедени дека Турција нема да го запре членството на Финска и Шведска.

Секоја одлука за проширување на НАТО бара одобрение од сите 30 членки на алијансата и нивните парламенти, но дипломатите рекоа дека Ердоган ќе биде под притисок да попушти бидејќи Финска и Шведска во голема мера ќе го зајакнат НАТО во Балтичкото Море.

không rút được tiền go88 cách bắt cầu tài xỉu chuẩn go88 Review chi tiết về Cổng game đổi thưởng Go88 Club

sunwin pro sunwing check i sunwin cổng 2