June 18, 2019 17:18
Свет

Шведска им се закани на државите од ЕУ со санкции поради миграцијата

Шведскиот премиер Стефан Лефвен е подготвен да им наметне санкции на земјите од ЕУ кои се противат на приемот на бегалците, како што е Унгарија, пренесува „Спутник“.

„Да, подготвен сум да го сторам тоа затоа што, порано или подоцна, мора да преземеме заедничка одговорност за примањето на мигрантите. Една, две или три земји не можат да го поднесат целиот товар, ние треба да помогнеме во тоа”, рече Лефвен во интервју за „Дагенс нихетер“.

„Ако тие не се подготвени да преземат одговорност, тогаш ќе ја платат цената за неподготвеноста. Не ќе можат да добијат средства од ЕУ на ист начин како и денес. Унгарија е една од земјите што добива најмногу. Неприфатливо е земјата што доби најголема поддршка од ЕУ да рече: Не, ние преземеме одговорност за имиграцијата”, продолжи Лефвен.

Тој ја истакна својата подготвеност да остане на својот став и истакна дека неколку други земји се подготвени да го следат примерот.

Шведскиот премиер изрази надеж дека ЕУ ќе може да изготви заедничка политика за миграција што очигледно не е случај сега. Тој одамна побара фер распределба на мигрантите и ги повика членките на ЕУ да ја преземат својот дек од товарот.

Неколку источноевропски земји, како што се Полска и Унгарија, ја отфрлија идејата дека мора да примат баратели на азил од други земји на ЕУ.

Нови вести

Меркел: Конфликтната ситуација со Иран треба да се реши на мирен начин

Filip

Земјотрес во Јапонија, има опасност од цунами

Filip

Канцеларијата за човекови права на ОН бара истрага за смртта на Морси

Filip