February 3, 2023 14:43
Свет

Шведската полиција конфискува половина тон наркотици во Стокхолм

Шведската полиција на 26 ноември конфискува околу 500 килограми наркотици во Стокхолм, чија вредност се проценува на приближно 80 милиони круни (7,6 милиони долари), соопштија денеска властите.

Во акцијата уапсени се три мажи под сомнение за тешки кривични дела поврзани со наркотици.

Од конфискуваната дрога повеќе од половина односно 260 килограми биле амфетамини, што е најголемо запленето количество во Стокхолм.