January 15, 2021 19:21
Спорт

Швајцарија со службен резултат го доби неодиграниот натпревар со Украина

Унијата на европскит фудбалски асоцијации (УЕФА) одлучи неодиграниот натпревар од последното коло во групата од Лигата на нации, помеѓу Швајцарија и Украина да го регистрира со службен резултат 3:0 за швајцарската селекција. Швајцарија со ваквиот епилог останува во дивизијата А од Лигата на нации, додека Украина се сели ранг подолу во Б дивизијата. Двете репрезентации пред овој меч имаа по шест бода, а неодиграниот меч требаше да одлучи која селекција ќе биде место погоре.

Мечот требаше да се одигра во Луцерн, но властите одлучија целата експедиција на Украина да замине во изолација поради фактот што имаа многу заразени од коронавирусот.