June 25, 2022 09:29
Македонија

Шаќири – Серафимовски: Со координиран пристап до поквалитетно високо образование и научно-истражувачки проекти

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири и претседателот на Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност проф. д-р Тодор Серафимовски во рамки на редовната комуникација и координација денеска остварија нова работна средба на која се зборуваше за тековните активности кои двете институции ги преземаат за унапредување на квалитетот на високообразовната и научно-истражувачката дејност.

Како што соопшти Министерството за образование и наука, Шаќири и Серафимовски истакнаа дека инклузивниот пристап е единствена и најдобра опција за обезбедување на континуитет на процесот за унапредување на академската едукација која им се нуди на граѓаните од страна на високообразовните установи во земјата и за проширување на можностите за истражување и научни проекти.

На средбата од страна на министерот беше потпишан и новиот Правилник за стандардите и постапката за надворешна евалуација и самоевалуација, кој на предлог на Националниот совет, го усвои МОН.

-Ценам дека со овој нов правилник, постапките за надворешна евалуација и самоевалуација ќе даваат пообјективни резултати кои се од голема важност за креирање на идните чекори кои и ние како институции и самите високообразовни установи, имајќи ја предвид нивната автономија од сите аспекти, ќе треба да ги преземаме за да ја издигнеме конкурентноста на високообразовниот систем на повисоко скалило, рече министерот Шаќири