October 18, 2021 19:48
Македонија

Шаќири: Продолжуваме да ја подобруваме бродбенд инфраструктурата низ целата држава

Можностите за подобрување на бродбенд инфраструктурата во проблематичните зони, белите и сивите зони, каде што домаќинствата имаат тешкотии или немаат можности за поврзување со интернет во моментот беа тема на денешниот состанок на министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, со претставниците на „Дојче Телеком”, предводени од Марк Васиќ – директор за меѓународни регулаторни работи, како и директорот на „Македонски Телеком”, Никола Љушев.

Како еден од најпроблематичните региони за кои во наредните месеци ќе бараат заеднички решенија е регионот на Дебар, како и другите рурални зони.

Како што пренесуваат од МИОА, на состанокот, министерот Шаќири изразил благодарност до Телеком за помошта што им беше дадена на бизнисите погодени од пандемијата, каде што заедно со Владата беше обезбедена помош за преку 200 компании во земјата погодени од пандемијата, за услуги за поврзување, “cloud”, е-трговија, сите мерки од петтиот владин пакет за ублажување на негативните ефекти од пандемијата Ковид -19.

Во соопштението се наведува дека „министерот ја истакнал важноста од имплементација на Законот за употреба на јазиците, поттикнувајќи го Телеком да ја унапреди употребата на албанскиот јазик во контактите со клиентите, што, според него, ќе го подобри искуството на клиентите Албанци, како и можноста за подобрување на соодветната застапеност во раководните структури на „Македонски Телеком”, земајќи ја предвид меритократијата”.

GoGoAnime: Hoop Days (Dub) anime episode 26 online free at https://gogoanime.be overlord gogoanime

TwistMoe: Endride (Dub) anime episode 24 online free at https://twistmoe.net anime twist app

Website https://animefreak.ws: Watch Plastic Memories animefreak Episode 13 sites like animefreak

Website https://animebee.to: Watch Memories animebee Episode 3 kissanime

Pokecommunity: https://www.pokecommunity.com/member.php?u=968947

Starity: https://starity.hu/profil/293399-animeflixnl/