November 26, 2020 04:36
Македонија

Шаќири го запозна Гир со проектите за професионализација на администрацијата

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири денеска имаше работна средба со новиот ЕУ амбасадор Дејвид Гир.

Средбата, како што соопшти Министерството, помина во конструктивна атмосфера, при што министерот Шаќири го запозна евроамбасадорот со проектите на Министерството во насока на професионализација на администрацијата, развој на дигитализација на јавните услуги, како и активностите кои ќе се преземат за подобрување на климата за слобода на медиумите и нивната финансиска независност.

Воедно, министерот му се заблагодарил на евроамбасадорот за големата поддршка од страна на Европската Унија и за успешната соработка која ќе продолжи и понатаму, со конкретни проекти во текот на 2020 и 2021 година.