January 18, 2021 12:01
Македонија

Шахпатска: Буџетот на МТСП за 2021 е над 53 милиони денари, пари за справување со последиците од Ковид-19

Вкупниот буџет на Министерството за труд и социјална политика за наредната 2021 година е проектиран на 53.183.958 илјади денари. Буџетот за наредната година е проектиран во насока на надминување на негативните последици од здравствената и економска криза што ја предизвика пандемијата со Ковид-19, истакна денеска на прес-конференција министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпатска.

-Зачувување на секое работно место, поддршка и олеснет пристап до Гарантирана минимална помош за најранливите категории граѓани, изградба на објекти за деца во предучилишна возраст и ран детски развој, објекти за социјална заштита, поддршка на активни мерки за вработување, редовна и навремена исплата на пензии, продолжување со процесот на деинституционализација и започнување со децентрализација на социјалните услуги се областите во кои ќе се трошат средствата од буџетот на Министерството за труд и социјална политика, рече Шахпатска.

За капитални инвестиции за следната година предвидени се 100 милиони денари, од кои за градежни објекти 93.900 илјади денари, додека за опрема обезбедени се 6.100 илјади денари. За изградба на нови и за завршување на веќе започнатите градинки предвидени се 67.650 илјади денари. Останатите средства се за објекти за социјална заштита: домови за стари лица и дневни центри за лица со попреченост.

– Следната година ќе заврши изградбата на 14 градинки, а во постапка е изготвување на Програмата за отпочнување на изградбана нови објекти за згрижување на деца, истакна министарката, додавајќи дека целта е да се овозможи пристап на деца од предучилишна возраст и во руралните средини, во средини каде досега немало градинки, затоа што, како што рече, за нас секое дете е важно.

За непречено функционирање на детските градинки, како и за згрижување на старите лица во домови за стари лица предвидени се блок дотации во износ од 2.075. 000. 000 денари, а износот на овие средства ќе се зголемува како што ќе се отвораат новите објекти.

– За продолжување на процесот на деинституционализација, преку сместување во мали групни домови, живеење со поддршка и згрижувачки семејства, односно создавање на услови најблиску до оние во семејството, како и за лична асистенција и други видови на социјални услуги обезбедуваме 725 милиони денари, рече Шахпатска.

Во делот за социјални надоместоци, во Буџетот за наредната година предвидени се 10.500. 000. 000 денари, а со нив ќе бидат опфатени околу 300 илјади корисници.

– Тоа значи дека се обезбедени средства за дополнителни пет илјади домаќинства приматели на гарантирана минимална помош, со што вкупната бројка на домаќинства опфатени со оваа мерка ќе биде 36.500. Го зголемуваме опфатот на деца приматели на детски додаток и образовен додаток, рече министерката.

Шахпаска посочи дека поради Ковид-19 се направени измени на Законот за социјална заштита и на Законот за заштита на децата, кои обезбедуваат олеснет пристап до овие социјални права.

– Продолжуваат да течат и останатите социјални права – додаток за попреченост, паричен надомест за помош и нега од друго лице, но и исплата на социјална пензија за 7.593 граѓани, информираше Шахпатска.

Заради намалување на стапката на невработеност и оваа година се обезбедуваат средства за Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување, во износ од 538 милиони денари.

– Со новиот Оперативен план се зголемува опфатот на невработените лица, за оние кои ги изгубија своите работни места поради пандемијата со КОВИД-19. Овој износ е скоро четири пати поголем во однос на 2020 година, со што преку Агенцијата за вработување ќе се реализираат Програми и мерки за субвенционирање на придонеси во случаи на невработеност. Дополнително, за субвенционирање на придонеси за зголемување на платите се издвојуваат 2.401.000.000 денари, средства кои ќе бидат распределени до Фондот за ПИОМ, Агенцијата за вработување и Фондот за здравствено осигурување, по основ на средства за социјални придонеси, рече министерката.

Според неа, со овие средства 120 илјади работници од приватниот сектор ќе добиваат повисока плата.

– На овој начин се влијае на подобрување на животниот стандард на граѓаните, економскиот раст и развој и намалување на невработеноста. Продолжуваме со обезбедување на сигурни и одржливи пензии на сегашните и на идните пензионери, преку одржување на стабилност на пензискиот систем. За таа цел во Фондот за пензиско и инвалидно осигурување ќе бидат трансферирани 31.672. 000.000 денари, истакна Шахпатска.

Watch Dragon Ball Super (Dub) Episode 128 (https://crunchyrollfree.com/m/5rKZ/ep-128) at website https://crunchyrollfree.com crunchyroll 30 day trial 2020

Re:ZERO -Starting Life in Another World- Season 2 Episode 13 at Funimation funimation canada