July 22, 2021 22:50
Македонија

Шахпаска: Суштината на социјалната реформа не е генерирање нови корисници, туку вадење на луѓето од системот на социјална заштита и нивно вклучување на пазарот на труд

„Дел од услугите во системот на социјална заштита, функционираат  преку електронскиот систем. Работиме и на нов софтвер, каде со еден клик ќе биде отворено целото семејство и точно ќе се знае кои парични права и услуги  ги користи семејството. И во услови на пандемија граѓаните кои  се корисници на туѓа нега од трето лице воопшто не доаѓаа физички да ги поднесуваат барањата, целиот процес беше електронски“ , рече министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска во емисијата Вин-Вин на Телевизија Телма во врска со поедноставување на системот за граѓаните.

„Суштината на социјалната реформа не е да генерирате нови корисници,  туку да ги вадите луѓето од системот на социјална заштита и активно да ги вклучите  на пазарот на труд. И токму начинот на кој е креирана социјалната реформа е во тој правец. Активација на нај вработливите членови на семејството на пазарот на труд  , кои што се приматели на Гарантирана минимална помош“, рече министерката Шахпска.

Таа посочи дека токму веб сервисите се линкот помеѓу Центрите за социјална работа и Агенцијата за вработување. Тоа е заедничка работа и вкрстување на индивидуалните планови на стручниот работник од Центарот за социјална работа и од Агенцијата за вработување. Преку вклучување во обуки, тренинзи, вештини, градење на капацитетите,  највработливиот член од семејството станува атрактивен на пазарот на труд.

 

4Anime Watch anime online, English anime online HD. Pikachu's Exploration Club (https://4anime.biz/m/WWzN) Episode Full

Watch anime online for free at AniWatch aniwatch. Full Metal Panic! The Second Raid: Wari to Hima na Sentaichou no Ichinichi (https://aniwatch.pro/m/RXO8) Episode Full

AnimeBee | Watch Anime Online | English Sub & Dub Anime Free. Legend of Himiko (Dub) Episode 12

KissAnime Prsync: http://prsync.com/kissanime/