August 12, 2020 04:05
Македонија

Шахпаска со Форум на жени: Глас за коалицијата „МОЖЕМЕ” е глас за унапредување на правата на жената во општеството, можеме уште повеќе и уште подобро, излези и гласај!

„Ние жените сме храбри гласноговорници во сите сфери на општественото живеење. Ако до пред некоја година сите гледаа со сомнеж кога една жена ќе започне приватен бизнис, денес работите се сменети.
Денес имаме успешни жени, на раководни позиции, бизнисменки, менаџерки и водењето на успешни бизнис компании е реалност.”-истакна носителката на листа за пратеници на СДСМ од ИЕ 3 , Јагода Шахпаска на дебатата со наслов: „За храбри жени кои гласно говорат”  со Форумот  на жени на СДСМ во Велес.
Таа им порача на жените дека борбата во Собранието за поголеми права на жената во носењето на одлуки и  родова еднаквост во сите сфери во општеството ќе продолжи уште подобро и уште повеќе.
Шахпаска се осврна на позитивните промени кои ги донесе СДСМ, изминатиот период.
-„ Донесен е нов Закон за прекинување на бременоста, со кој го враќаме правото на секоја жена да решава за своето тело. Ратификувана е Истанбулската конвенција. Имаме највисок процент на учество на жени во Парламентот.
Следниот мандат продолжуваме уште попосветено да работиме на унапредување на правата на жената. Ги следиме сите светски стандарди во тој сегмент да бидеме на исто рамниште за човековите права и правата на жената како и најразвиените земји.
Целосно ќе го усогласиме Кривичниот законик со одредбите од Истанбулската конвенција и сите форми на родово базирано насилство ќе бидат кривични дела.
Следна задача ќе ни биде да обезбедиме 40% застапеност на жените во извршната власт, на функции на кои ги именува владата.
Ќе воведеме задолжителен бесплатен преглед за жени над 35 години, кој ќе содржи гинеколошки преглед и мамографија.
Затоа жени, излезете и гласајте за коалицијата „Можеме” за да  продолжиме со приказната да говориме гласно, да бидеме силни, храбри и да се бориме  уште повеќе и уште подобро за еднакви права и можности на жените во општеството.”-порача Шахпаска од Велес.