October 22, 2021 12:33
Македонија

Шахпаска: Со измените во Правилникот за исхрана придонесуваме за правилен раст и развој на децата во градинките

Работната група формирана со цел ревидирање на Правилникот за нормативи и стандарди за исхрана во градинките денеска го одржа првиот работен состанок во Клубот на пратеници.

Иницијативата е на Министерството за труд и социјална политика  во соработка со компанијата Ново Нордиск и поддршка на УНИЦЕФ. На состанокот, како што информира МТСП, се разговарало за изнаоѓање на најдоброто решение за составот на менито во детските градинки.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на работниот состанок потенцирала дека  квалитетната исхрана не е важна само за одржување на доброто здравје, туку е суштинска за правилен физички и ментален развој особено кај децата во првите пет години од животот.

-Предизвиците со исхраната кај најмладата популација како глобално прашање се присутни и во нашата земја. Од една страна е проблемот на неухранетост, кој иако со ниско ниво е присутен и кај нашите деца, а од друга страна се прекумерната тежина и дебелината за кои податоците покажуваат дека имаат растечки тренд кај децата во земјата. Правилната исхрана има клучно влијание не само врз физичкиот развој на децата, туку и врз когнитивниот, емотивниот и социјалниот развој и способноста за учење. Исхраната не е грижа само на поединецот, туку и на целото општество. Затоа, стекнувањето на добри навики на исхрана во градинките придонесува за здравјето на децата, рекла министерката Шахпаска.

Во насока на правилен раст и развој кај децата, министерката посочила дека е потребен мултидисциплинарен пристап, кој ќе обезбеди целосна промена на навиките. За таа цел, се формираше работна група која е составена од членови на Институтот за јавно здравје, Стоматолошкиот факултет, Универзитетската клиника за детски болести, како и од Природно математичкиот факултет од каде и доаѓа експертот за нутриционизам.

Покрај ревидирање на Правилникот за нормативи и стандарди за исхрана во градинките, предвидена е и едукација на децата,  родителите и вработените во градинките со цел обезбедување на поголема грижа и превенција на здравјето додека престојуваат во градинките, но и дома, во секојдневни и во услови на пандемија.

Присутните членови на работната група ја поздравиле инцијативата на Министерството и изразиле  подготвеност за соработка со цел унапредување на исхраната на децата од најмала возраст.

На денешниот работен состанок бил избран и координатор на работната група за ревидирање на Правилникот за исхрана на децата во градинките, чија функција е да ги сублимира сите пристигнати предлози од членовите и да прибира искуства од други земји. Последната промена Правилникот била направена во 2014 година. 

GoGoAnime: Wanna-Be's anime episode Full online free at https://gogoanime.be sites like gogoanime

Website https://kissanime.mx: Watch Garzey's Wing kissanime Episode 3 vinland saga kissanime

Keroro Movie 3 (https://animebee.to/m/rw7k) Episode Full

AnimeHeaven Watch anime online, English anime online HD

Mixcloud: https://www.mixcloud.com/animeflixnl/

Tapas: https://tapas.io/kissanimecontact