September 25, 2021 05:58
Македонија

Шахпаска: Не се откажуваме од зголемување на надоместот на лица со попреченост, тие ни се високо на агендата

Ние не се откажуваме од зголемување на паричниот надомест на лицата со попреченост. Зголемување на надоместот кој што е предвиден во програмата, е за 15 проценти. Јас не дадов рок, но ќе испорачаме се она што беше наше ветување и што беше дел од владина програма, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. Запрашана зошто по денешната средба со претставниците од Коалицијата „Менуваме” нивните барања повторно не се испорачани, министерката посочи дека поради Ковид-19 реализацијата на покачување на надоместот беше пролонгирана, а ребалансот на буџетот веќе е затворен.

Покачувањето на овој надоместот, како што рече, ќе се планира во буџетот за наредната година.

-Ние како Министерство остваривме средба со нивните претставници и разговаравме за нивните барања што ќе ги адресираат до повеќе сектори, затоа што ова е проблем и прашање во чие менаџирање треба да имаме еден мултидисциплинарен пристап со неколку Министерства. Нивното барање во делот на зголемување на паричниот надомест заради попреченост, ние не се откажуваме од тоа, изјави денеска Шахпаска во одговор на прашање, по посетата на новиот Центар за поддршка на згрижувачки семејства. Таа информира дека и биле адресирани одредени прашања од страна на претставничка на Здружението на родители на деца со попреченост, односно со аутизам, и појасни дека по локалните избори ќе оствари средба со градоначалниците за да иницира во што е можно пократок рок да се испорачаат сите барања од овие претставници, во смисла на отворање дневни и рерурсни центри.

– Еве јас јавно по завршувањето на локалните избори ќе остварам средба со градоначалниците за да ги иницирам и притиснам во еден разумен што пократок временски рок да можат да испорачаат услуги и сервиси и она што беше барање на претставници на состанок во смисла на отворање на дневни центри и отворање на рерурсни центри. За нас лицата со попреченост се навистина високо на агендата, рече Шахпаскa.

The Prince of Tennis II Specials Episode 7

Website https://4anime.biz: Watch Soccer 4anime Episode Full sword art online 4anime

Guilty Crown: Lost Christmas (https://animedao.nl/m/j1NM) Episode Full

AnimeFreak: Kiddy Grade (Dub) anime episode 24 online free at https://animefreak.ws animefreak dragon ball

Weddingbee: https://www.weddingbee.com/members/animeflixnl/

Buddypress: https://buddypress.org/members/gogoanimelol/profile/