August 10, 2020 00:37
Македонија

Шахпаска: За три години покажавме што значи вистинска грижа за сите граѓани, ја внесовме државата во НАТО и градиме европска иднина

Нашата понуда е спротивна од онаа на  Мицкоски и Јанушев . Нудиме 20 кандидати за пратеници од ИЕ 3 , луѓе кои се чесни, професионално и семејно реализирани,  кредибилни кои ја бараат вашта доверба за следниот четиригодишен мандат.- истакна Јагода Шахпаска носителка на ИЕ 3 на граѓанската трибина на СДСМ и коалицијата МОЖЕМЕ во Делчево.
Шахпаска пред граѓаните во Делчево зборуваше за ветените и реализирани проекти и политики за неполни три години мандат од страна на СДСМ и Владата која ја предводи.
-Ветивме дека парите ќе ги вратиме назад кај граѓаните и дека ќе го подобриме нивниот живот. За тоа зборуваат , 3000 согласности на неопределено работно време преку министерството за труд и социјална политика за мотивирани, платени, ангажирани социјални работници. Растот на платите кај негователките  и воспитувачките, оние кои се грижат за нашите деца, при тоа отворени 44 нови градинки и обезбедени нови 7500 места за нови деца кои ќе бидат згрижени во нив. –истакна Шахпаска.
Таа посочи дека наспроти замрзнати пензии, како што беше тоа во времето на ВМРО-ДПМНЕ за само 3 години пензиите пораснаа за 1700 денари. А за лицата кои не исполнуваа услови за редовно пензионирање и пензија , се воведе социјална државна пензија од 6000 денари, за 6600 граѓани . Тоа е социјална правда грижа за возрасните
Вистинска грижа за сите граѓани на нашата држава . Шахпаска зборуваше и за реформата  за лицата  со попреченост,преку големување на додатоците за мобилност, помош и  пристап, социјалната реформа која се зголеми за 300% ,воведувањето на детски и образовен додаток со цел извлекување на децата , на семејствата од сиромаштија.
Преку концептот парите назад кај граѓаните,беше и укинувањето на  радиодифузната такса, враќање на  ефтината тарифа на струјата, повратот  на ДДВ преку проектиот Мој ДДВ , се со цел повеќе пари секој месец да завршуваат во семејните буџети на граѓаните.
Токму, корона кризата покажа како вистински се грижи одговорна Влада. Се обезбедија платежни картички за вработените со ниски примања, за студентите, средношколците, а со следниот четврт пакет економски мерки ќе добијат пасивни баратели на работа заедно со пензионерите и самохраните родители од 9000 денари.
-Горда сум што поекнувам од генерацијата политичари кои што ја внесе нашата земја како 30 земја во НАТО сојузот и ја гради нејзината европска перспектива.Тоа се нови можности за граѓаните, за македонската  економија. –истакна Шахпаска.
-На 15 јули остварете го вашето гласачко право применувајќи ги мерките за заштита на здравјето . Заокружете го бројот 3 затоа што покажавме и докажавме ,но во следните 4 години ќе покажеме дека можеме уште повеќе и уште подобро.-заврши Шахпаска.