October 25, 2021 10:50
Македонија

Шахпаска за Канал 5 ТВ: Ги поттикнувам општините активно да се вклучат во воспоставување на социјалните услуги на локално ниво

Министерство за труд и социјална политика  работи на проширување на сместувачките капацитети за  стари лица кои се оставени сами на себе, рече министерката Јагода Шахпаска во интервју за Канал 5 телевизија.

Во таа насока согласно европските стандарди проширен е Домот за стари лица д-р „Иван Влашки“ во Берово за дополнителни од 15 на  40 места за сместување. Исто така МТСП работи на реконструкција на едно крило во Здравствен дом во Пробиштип, односно на нов дом, со капацитет од 55 места.

Според минстерката Шахпаска,  МТСП  пред се работи на  приближување на  услугите нега и грижа во домовите затоа што секое возрасно лице најпријатно се чувствува во својот дом.

„Ние како МТСП и Влада заедно со нашите партнери од Европската комисија, преку ИПА фондови, работиме и на изградба на домови за стари лица. Секоја година министерството во склоп на социјалната програмата за капитални инвестиции објавува повик на кој општините аплицираат согласно претходно подготвени проекти.  Дополнително во владината програма постои отворање на дневни центри за здраво стареење и веќе такви центри воспоставуваме во различни општини за што имаме склучено  договори за нивна имплементација.  Јас ги поттикнувам и единиците на локална самоуправа како место во коешто  живеат граѓаните, како место кое директно е во контакт со нивните потреби да бидат креативни да ги имплементираат овие мерки кои МТСП ги препорачува и на тој начин да воспоставивме еден одржлив систем кој ќе биде точно во средината во кој што живеат старите лица“, рече Шахпаска.

Министерката најави дека поради големиот интерес на граѓаните социјалните услуги и во иднина ќе се развиваат.

KissAnime: Sin: Nanatsu no Taizai - Masani Akuma no Shogyou... (Dub) anime episode Full online free at https://kissanime.mx detective conan kissanime

Website https://4anime.biz: Watch Charge!! Men's Private School 4anime Episode Full tower of god 4anime

Website https://animekisa.in: Watch The Seven Deadly Sins: Wrath of the Gods animekisa Episode 24 anime online

Watch She, The Ultimate Weapon: Another Love Song Episode 2

Yoomark: https://yoomark.com/users/animefreakws

Community windy: https://community.windy.com/user/gogoanimebe