October 22, 2021 11:25
Македонија

Шахпаска – Ел Јасир: Македонија е лидер во регионот во однос на родовата перспектива

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска одржа средба со регионалната директорка на UN Woman за Европа и Централна Азија, Алиа Ел Јасир.

Целта на состанокот беше да се разговора за севкупниот напредок на Република Северна Македонија во насока на родовата еднаквост, конкретно за имплементацијата на Проектот на Министерствотот за труд и социјална политика за родово одговорно буџетирање.

 

„Континуираната соработка и градење на капацитетите за родово одговорно буџетирање доведе до тоа Република Северна Македонија да биде лидер во регионот во однос на интегрирање на родовата перспектива во стратешкото планирање, креирање политики и процеси на буџетирање. За ова голема заслуга има долгогодишната соработка со нашиот стратешки партнер UN Woman“, – истакна министерката Шахпаска.

Еден од проектите помеѓу Министерството за труд и социјална политика и UN Women  е проектот „Унапредување на институционализацијата на родово одговорно буџетирање преку систематска интеграција на родовата перспектива во стратешкото планирање и програмирање на владините институции во Северна Македонија“.

Овој проект има две цели: Зајакнување на капацитетите на државните службеници во ресорните министерства за да се инкорпорира родовата перспектива во политиките и буџетите, и воспоставување на Тренинг Центар за родово одговорно буџетирање за континуиран развој на капацитетите на државните службеници, размената на знаење и размената на добри практики.

„Вложениот труд и работа при имплементирањето на родово одговорното буџетирање ја направи вашата земја лидер на Балканот. Би сакала што поскоро да го видам отворен Тренинг Центарот за родово одговорно буџетирање затоа што со неговото функционирање ќе се направат големи промени и ќе се постигне голем напредок во воспоставувањето на родова еднаквост, на секое поле“, – порача регионалната директорка Алиа Ел Јасир.

На средбата, директорката Алиа Ел Јасир ја поздрави соработката на Министерството за труд и социјална политика со останатите сектори, особено Програмата за реинтеграција во затворите, што претставува иновативен пристап кој треба да го применуваат и останатите земји од регионот, порача таа.

Исто така, Министерствотот за труд и социјална политика соработува и во спроведувањето на проектот на UN Woman „Советодавни услуги за родово вклучување во администрацијата на Северна Македонија“ чија цел е да ја поддржи Владата на Република Северна Македонија во транспонирање на правото на ЕУ за родова еднаквост.

Овој проект е дизајниран во тесна соработка со Секторот за европски прашања и во консултација со Министерството за труд и социјална политика.

На состанокот се разговараше и за Усвојувањето на новата Национална стратегија за родова еднаквост (2021-2026), новиот Закон за родова еднаквост, воспоставувањето на првиот Ресурсен центар за креирање политики и буџетирање на родова еднаквост и континуирано зајакнување на капацитетите на ресорните министерства и државни агенции.

 

AnimeKisa: Ling Yu anime episode 10 online free at https://animekisa.in animekisatv

Website https://animetv.cc: Watch Diamond Daydreams Special (Dub) animetv Episode Full 1 anime tv

KissAnime Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Website https://animedao.nl: Watch Naruto: Shippuuden Movie 3 - Hi no Ishi wo Tsugu Mono (Dub) animedao Episode Full food wars animedao

Myspace: https://myspace.com/animemx0

Methodspace: https://www.methodspace.com/members/animefreakws/profile/