January 18, 2021 17:51
Македонија

Шахпаска-Демири: МТСП и Агенцијата за вработување ќе продолжат да ги поддржуваат граѓаните

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска  денеска се сретна со директорот на Агенцијата за вработување Абдуш Демири и неговите соработници, како клучна институција за спроведување на проектите и програмите финансирани од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) на ЕУ, чие портфолио во периодот 2014-2020 достигнува 23 милиони евра.

-На состанокот се потврди важноста од забрзување на спроведувањето на активните мерки за самовработување и формализација на бизниси, како и грантовите за креирање нови работни места во висина од 10 милиони евра обезбедени во рамки на буџетска програма „ЕУ за социјална и економска отпорност во Република Северна Македонија, соопштија денеска од Министерството за труд и социјална политика.

Соговорниците на средбата се согласиле да се продолжи со доследно спроведување на обврските од Програмата „ЕУ за младите”, која се однесува на имплементацијата на Гаранцијата за млади и предвидува поддршка на повеќе од 9000 млади лица во Североисточниот, Југозападниот и Полошкиот регион.

Биле договорени и конкретни чекори за забрзување на имплементацијата на проектот „Активација на ранливите групи на пазарот на труд”, кој е во функција на спроведување на социјалната реформа и интеграција на корисниците на гарантирана минимална помош на пазарот на труд.

Bleach (Dub) Episode 366 at Funimation best anime on funimation 2020

Sword Art Online Alicization War of Underworld (Dub) (https://animeplanet.cc/m/55wl) Episode 12 at website https://animeplanet.cc goblin slayer anime planet