September 18, 2021 16:21
Македонија

Шахпаска: Блиску сме до просечна плата од 500 евра, да не беше пандемијата на Ковид 19, ќе го надминевме нашето ветувањ

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во интервју за Македонската телевизија одговорајќи на новинарско прашање, – за ветената минимална плата од 500 евра и какви се прогнозите за нејзино остварување, рече дека се многу блиску до реализацијата на ветеното.

„Кога говориме за порастот на просечната плата која требаше да изнесува 500 евра за еден четиригодишен мандат,  ние сме многу блиску до реализација. На први јуни 2017 г. СДСМ и Коалицијата ја формираше Владата и за овие четири години износот на минималната плата е зголемен за повеќе од 6.000 денари. Претходно во 2017 година просечната плата беше 22.000 денари, а таа сега изнесува 28.700 денари. Што значи, дека ние сме многу блиску до тие 500 евра, што беа наше изборно верување. Имајќи во предвид дека година и пол се соочуваме со пандемијата на Ковид 19, ние би го надминале она што претставуваше наше ветување, во тогашната програма на Владата. И последните податоци  покажуваат дека во првата половина од годината, просечната плата има пораст од некаде 6%“, рече Шахпаска.

И според министерката Шахпаска, зголемувањето на пензиите од 1,2% не е доволно, но дека како влада ги почитуваат законите.

„Во услови на пандемија со која се соочија и моќните економии во сетот, не само нашата земја, ние продолжуваме да ги имплементираме законските решенија, кои јасно велат, „усогласување на пензиите согласно трошоците на живот во јануари и во јули“ и точно тоа усогласување, ние сега го испочитувавме – пензиите ќе бидат повисоки со оној процент колку што е порастот на животните трошоци. Законот предвидува уште два дополнителни критериуми за кои јас сум оптимист дека ќе се случат, особено пораст на бруто домашниот производ  на 4% кој што ќе генерира пораст на пензиите и третиот кумулативниот предуслов – пораст на просечната  плата за 5%  и минималната плата за 15%. Важно е дека усогласувањата согласно закон и во услови на пандемија се почитуваат, рече Шахпаска.

Министерката порача, дека како ќе расте економијата,  така ќе растат и платите.

Website https://animeflix.nl: Watch White Album 2 Picture Drama animeflix Episode 2 my hero academia heroes rising animeflix

Website https://animebee.to: Watch Skating Rink Kaleidoscope (Dub) animebee Episode 12 anime

KissAnime: Ao-chan Can't Study! (Dub) anime episode 12 online free at https://kissanime.mx konosuba movie kissanime

AnimeTV: The Story of Chinese Gods (Dub) anime episode Full online free at https://animetv.cc watch anime

Dashburst: https://dashburst.com/kissanimemx

Guides: https://guides.co/p/kissanimemx