June 25, 2022 23:06
Балкан

Шарл Мишел денеска доаѓа во Босна и Херцеговина

Мишел доаѓа во Сараево во рамките на посетата на регионот,вчера беше во Србија каде се сретна со претседателот на таа земја Александар Вучиќ, а се очекува да ја посети и Албанија.Мишел денеска ќе се сретне со членовите на Претседателството на БиХ.

„Тие ќе разговараат за патот на БиХ кон ЕУ, 14 клучни приоритети од кои дел се изборните и уставните промени, како и за регионалната стабилност во контекст на променетата геополитичка ситуација. Предвидени се средби со членови на Претседателството на БиХ, како и со партиски лидери“, изјавија за Н1 од Делегацијата на ЕУ.

Претседателот на Европскиот совет би можел да ја искористи оваа посета и за да ја запознае БиХ со идејата за создавање на европска геополитичка заедница која го вклучува Балканот. Тоа го повика претходно при неговото обраќање на седницата на Европскиот економски комитет.

Последниве денови се зборуваше дека Мишел треба да издаде „заедничка изјава“ подготвена од европски претставници, потпишана од политичките лидери за продолжување на изборните реформи по изборите во октомври, пренесе Н1.

ảnh ăn go88 giftcode go88 kéo tài xỉu go88

SunWin - Cổng Game Quốc Tế SunWin.gg | Game Macao Số 1 Việt Nam sunwin être