November 25, 2020 19:09
Балкан

Шарец: Не бев повикан кога се одлучуваше за повлекувањето на војниците од Ирак

Словенечкиот премиер Марјан Шарец во интервју за ПОП ТВ, објави дека не бил соодветно повикан на состанокот на кој се одлучуваше за повлекувањето на словенечките војници од Ирак.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, Шарец ја коментираше изјават на министерот за одбрана Карл Ерјавец дека му била пратена СМС порака на Шарец во 3 часот наутро да дојде на состанокот. Според премиерот СМС порака не е соодветен начин да се информира претседателот на владата за состанок на кој се одлучува за повлекување на словенчки војници од меѓународна мисија.

– Ако не сум одговорил на пораката, министерот можел да ме побара телефонски или да прати некој и да ме разбоди. Тоа така се прави. Со ова можеби на некој сакал јас да не бидам присутен на тој состанок – изјави Шарец.

Тој сепак ги отфрли информациите дека поради ова ќе го разреши министерот за одбрана, но кажа дека не е задоволен со ваквата комуникација и поради тоа набрзо ќе го повика на разговор.