February 26, 2021 10:43
Спорт

Шампионот Данска на убедлив начин ја почна одбраната на титулата

Светскиот ракометен првак  Данска одбраната на титулата ја почна со убедлив триумф против Бахреин (34-20) во групата Д. Шампионот се одлепи уште на почетокот од средбата а на пауза  замина со девет голови позитива, која во вториот дел ја зголеми за убедлива победа од 14 погодоци.

Гидсел блесна со 11 погодоци во победничкиот табор, додека кај Бахреин осум даде Ахмед. Микел Хансен имаше четири, а со по три беа Холм, Јакобсен и Сван.

Рутинска победа прокнижи Унгарија против Зеленортските оствори од 34-27. Европската селекција беше апсолутен фаворит и ја оправда својата улога, па предводен од Анчин со седум голови и дури пет ракометари со по пет стигна до победата. Ривалот пак, погоден од корона-кризата играше само со 11 ракометари, а се истакнаа Семедо со шест и браќата Фуртадо со по пет реализации.

Полска и Тунис одиграа неизвесен натпревар во кој на крајот славеше европскиот тим со 30-28.  Тунис беше рамноправен противник кој во првото полувреме водеше со четири голови. Морито беше најдобар поединец и со 12 голови допринесе за победата на Полска, кај Тунис пак се истакна Санаи средбата ја заврши со девет погодици.

Haikyuu!!: To the Top (https://animeflix.nl/m/2d9g) Episode 13 at website https://animeflix.nl animeflix blood c

Watch JoJo's Bizarre Adventure: Golden Wind (Dub) Episode 36 at website https://animefreak.ws animefreak chatango