September 20, 2021 22:29
Македонија

Шамбевски: СДСМ го укина бесплатниот превоз за студенти, не направи студентски град, а се повеќе млади се иселуваат

Интегрален текст од изјава на Борис Шамбевски

„Навредливо е за младите СДСМ да зборува за студентски стандард, а четири години немаат направено ниту еден проект за студентите. Ништо од тоа што го ветија не го исполнија.

Не само што немаат направено ништо, туку и тоа што беше поставено како мерки ги укинаа.

СДСМ го укина бесплатниот воз и бесплатниот превоз за студентите.

Од ветениот студентски град на просторот на студентскиот дом „Стив Наумов” нема ништо.

Скопје требаше да добие студентски град кој како што презентираа тогаш ќе има библиотеки, читални и разни други содржини за студентите.

Покрај Скопје, СДСМ вети студентски градови и во Штип и во Битола. Исто како и во Скопје, нема студентски град, ниту пак нови студентски домови, ниту во Штип, ниту во Битола.

СДСМ требаше да ги врати младите, но не само што не вратија никого, туку и нови наши врсници се иселија од државата заради лошите услови, лошото владеење, криминалот, корупцијата и рекетот.

Младите не можат да се вработат, свој бизнис не можат да отворат и да просперираат, ако немаат врски во врвот на СДСМ или лицата задолжени за делење бизниси и земање рекет.

Времето во кое државата за едни е мајка, за други маќеа завршува.

ВМРО-ДПМНЕ има план за развој на Македонија. План и стратегија кои ќе носат работа и просперитет за младите. Време е за Македонија за сите луѓе!

AnimeKisa Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Zegapain ADP Episode Full

Website https://animeflv.uk: Watch Shinkansen Henkei Robo Shinkalion The Animation animeflv Episode 76 anime online

Watch Little Busters! EX (Dub) Episode 8

Bcmoney-mobiletv: http://bcmoney-mobiletv.com/kissanimemx

Hikingproject: https://www.hikingproject.com/user/201201328/gogo-animebe