October 25, 2021 17:01
Скопје

Шакири: Јас те качив на бина, но испадна лош градоначалник- Шилегов: Се налути зашто не стана директор на МКЦ

Жестока дебата имаше вечерва на „Топ тема“ на Телма. „Сите знаат дека станавте кандидат за градоначалник на Скопје, зашто не станавте директор на МКЦ“, му возврати скопскиот градоначалник Петре Шилегов на противкандидатот Бени Шаќири, кој, пак, претходно го обвини дека е лош градоначалник.

-Ние кога рушевме режим се договоривме дека ќе го слушаме гласот на граѓаните и нема да подржиме партиски решенија. Вие требаше да бидете партиско решение за директор на МКЦ, но имаше петиција против граѓанските здруѓенија и ние го послушавме гласот на граѓаните, рече Шилегов на дебатата на Телма.

Кандидатот за градоначалник на ДОМ и ЛДП Бени Шаќири претходно му рече:

– Со никој од присутните тука не сум се договорал за ништо. Единствено со вас се договорив за да  го рушиме режимот. Јас лично ве качив на бина пред Влада кога станавте градоначалник и се договоривме да бидете одговорен, чесен и нормален градоначалник. Затоа не ме обвинувајте дека сум се договорил со другите кандидати тука да ве напаѓаме. Но, вие може сте добар правник, но испаднавте лош градоначалник, рече Шаќири.

Тој додаде дека Шилегов лаже и дека не остварил ништо од ветувањата.

TwistMoe: [email protected] anime episode 64 online free at https://twistmoe.net dubbed anime

Website https://animekisa.in: Watch Fate/Extra: Last Encore - Illustrias Tendousetsu (Dub) animekisa Episode 3 watch animes

Watch Genshiken 2 (Dub) Episode 12

Website https://aniwatch.pro: Watch Medama Oyaji no April Fools' aniwatch Episode 1 + 2 + 3 watch anime dub

Website https://animebee.to: Watch Kingdom Season 2 animebee Episode 39 animes online