December 1, 2021 03:42
Македонија

Шабани на вебинар за програмата Еразмус+: Младите да ги искористат можноститете за меѓународна мобилност

– Во периодот што е пред нас очекуваме акцентот во  интернационализација во високо образование да биде ставен на постулатите за дигитализација, зелена агенда, вработување, инклузија и соработка со соседните држави, меѓународни мастер акредитирани програми, интензивни курсеви за студентите, тековно користење на европските образовни платформи и вклучување во студирање и наставни ангажмани во државите од Западен Балкан, источноевропското партнерство, Азија, Северна и Јужна Америка.

Како што соопшти МОН, ова го истакна заменик-министерот за образование и наука Арафат Шабани на вебинар посветен на  програмите, приоритетите и новостите поврзани со новиот циклус на европската образовна програма Еразмус+ за периодот 2021-2027 година.

– Европската програма Еразмус+ беше и ќе биде една од најуспешните приказни за нас. Северна Македонија е активен учесник во програмата на студентска мобилност, а тоа што ја издвојува од другите држави во регионот е што уште од самиот почеток има статус на програмска земја и е на еднакво рамниште со останатите земји членки на Европската Унија. Министерството за образование и наука, како национален авторитет за Еразмус+, од почетокот е важна потпора на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и како резултат на тоа е и досегашното успешно спроведување на Програмата, рече Шабани.

Тој истакна дека вложувањето во образованието е најдобрата инвестиција за иднината на една земја и токму затоа стремежите на Министерството се насочени кон реформи во образованието кои значат инвестиции во младите и во човечкиот капитал секогаш, како што наведе, треба да бележат нагорна линија. Притоа, од големо значење, според него, е и квалитетот на кадарот на институциите и желбата на професорите и студентите за достигнување на максимумот кој го нуди високото образование.

– Шабани нагласи дека токму учеството во Еразмус+ програмата е една од можностите за подигнување на квалитетот на високото образование. Она што како држава треба да го направиеме, е да ја искористиме како можност за зголемување на ефектите од меѓународната соработка и од размената на искуства, информира МОН.

Во дебатата во рамките на Еразмус деновите, како што е соопштено, учествуваа и претставници на универзитетите „Св. Климент Охридски” од Битола, „Американ колеџ” од Скопје и на Универитетот на Југоисточна Европа.

Website https://animefreak.ws: Watch NEW GAME!! animefreak Episode 12 anime sites

Website https://animeflix.nl: Watch Lost Utopia animeflix Episode Full danganronpa animeflix

AnimeHeaven: NARUTO Spin-Off: Rock Lee & His Ninja Pals (Dub) anime episode 51 online free at https://animeheaven.pro watch anime dub

AnimeKisa: Theatre of Darkness: Yamishibai anime episode 13 online free at https://animekisa.in anime online

Website https://animedao.nl: Watch Folktales from Japan animedao Episode 258 weathering with you animedao