April 19, 2019 22:51
Магазин

Чоколаден сладолед

Подгответе вкусен чоколаден сладолед.

 

Состојки:

5 жолчки од јајца

8 лажици шеќер

1 лажица густин

1 пакетче ванилин шеќер

600 мл млеко

200 грама чоколада за готвење

250 мл слатка павлака

Подготовка:

Со миксер изматете ги жолчките, густинот и 150 мл млеко. Остатокот од млекото ставете го да се вари, заедно со шеќерот и ванилата. Откако млекото ќе зоврие, додадете ја смесата со жолчките со постојано мешање, па варете со постојано мешање, се додека смесата не ја добие потребната густина.

Откако смесата ќе ја добие потребната густина, тргнете од оган, па додадете ја чоколадата и мешајте се додека не се растопи. Кога сместа малку ќе се излади додадете ја и слатката павлака, па се добро измешајте.

Сладоледот ставете го во сад со капак за да одстои во ладилник и добро да се излади. Готовиот сладолед е послужен во посебен сад.

Нови вести

На 15 години силувал дете (6): Верувал дека се извлекол, а потоа во затворот добил неочекуван цимер

Filip

ФОТО: Бали Бег и Неџла го покажаа синчето на Инстаграм

Filip

Мажите кои чистат по дома имаат почесто секс со партнерката

Filip