Маж, наводно близок до наркокланот шкаљарци загинал денеска во експлозија на автомобил во Подгорица, јавија локалните медиуми.
Повикувајќи се на очевидци и неофицијални информации од полицијата, медиумите наведуваат дека Јасминко Шаховиќ (42) загинал околу 10 часот во експлозија на автомобил на пат во подгоричката населба Толоши.
Засега полицијата нема соопштено за експлозијата, а истрагата е во тек.
Медиумите јавуваат и дека од запалениот автомобил одекнувале куршуми кои се активирале од експлозијата.
Десетици луѓе, вклучително и невини жртви, беа убиени во судирите меѓу шкаљаскиот и кавачкиот клан, двата од Котор, во последните години. Некои од водачите на двата завојувани клана се во бегство, а некои беа уапсени во претходните години.
Минатата недела во Подгорица беа запленети стотици килограми кокаин, додека во август минатата година во магацин во Зета беа пронајдени и запленети рекордни 1,4 милиони тони кокаин.