December 1, 2021 16:19
Спорт

Членови на движењето „Free Tibet” се обидоа да го прекинат палењето на олимпискиот оган во античка Олимпија

Само неколку секунди откако беше запален олимпискиот оган во античка Олимпија за ЗОИ „Пекинг 2022″, целосната тишина беше прекината од извици и слогани на демонстранти, по што интервенираше обезбедувањето, а церемонијата продолжи непречено. Според објавите на социјалните мрежи станува збор за активисти од движењето „Free Tibet” кои повикуваат на бојкот на ЗОИ, но и бараат ослободување на уапсените активистки вчера во Атина.

Три странски државјанки, како што соопшти грчката полиција, вчера беа уапсени откако се обиделе да постават пано и знамиња на Акропол.