March 8, 2021 13:22
Хроника

Членовите на „Јавна соба“ ја бараат девојката што ја пријавила групата

Членовите на групата „Јавна соба“ на Телеграм ја бараат девојката која во полиција пријавила дека таму се објавуваат фотографии и лични податоци од девојки од Македонија, објави Прес24.

Групата сѐ уште е активна и во овој момент брои над 6.100 членови кои разменуваат експлицитни фотографии. Откако вчера Сител објави дека групата повторно е активирана членови на групата објавуваа фотографии од можни девојки кои ја пријавиле групата.

Како што вчера објави Сител, 22-годишна девојка од внатрешноста на Македонија се обратила до телевизијата откако пријател ја предупредил дека во групата биле објавени една нејзина фотографија од Фејсбук и уште две експлицитни од девојка која наликувала на неа. Пријавила во полиција, но оттаму само и рекле дека вакви групи имало многу.

Во групата која брои 5 600 членови се споделуваат фотографии, профили од социјални мрежи, лични податоци, адреси и броеви од девојки. Минатата година беа регистрирани околу 7.000 корисници кои си разменуваа експлицитни фотографии од девојки од македонија, некои и малолетни кога минатата година полицијата наводно ја згасна групата на Tелеграм.

 

A Silent Voice Episode Full at website https://funimationfree.com. See more saiki k season 2 dub funimation

Watch Banana Fish Episode 17 at AnimeHeaven animeheaven dragon ball super