August 5, 2021 04:01
Економија

Чифлиганец купи уште 49.000 акции на Комерцијална, сега поседува 15 отсто од банката

Ванчо Чифлиганец преку неговата „Адора инжинеринг“ продолжува да купува акции од Комерцијална банка и со тоа го засилува своето бизнис упориште во една системски најзначајна бана во земјава.

“Комерцијална банка АД Скопје ја известува јавноста дека правното лице Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт – Импорт Скопје преку системска блок трансакција се стекна со 48.837 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје. Правното лице Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт-Импорт Скопје заедно со поврзаните лица поседува вкупно 341.860 обични акции, односно има учество од 14,9999% во основната главнина на Комерцијална банка АД Скопје.”

Проф д-р Ванчо Чифлиганец кој одамна е познат на македонската јавност како пратеник, професор, менаџер, филантроп, а од пред две години и го привлече вниманието кога во неколку наврати одвои милионски суми преку неговата компанија за да стекне значителен број акции од најголемата и најмоќната банка во Македонија.

Правното лице Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт-Импорт Скопје, кое е во сопственост на Ванчо Чифлиганец, кој воедно е и Член на Надзорниот одбор на Комерцијална Банка АД Скопје, продолжи да купува акции во Банката.

Согласно правилата, Банката извести дека Адора на Чифлиганец сега поседува вкупно 341.860 обични акцииодносно има учество од 14,9999% во основната главнина на Комерцијална банка АД Скопје.

Инаку на редовното тргување во четвртокот (17 јуни), една акција на Комерцијална банка се продавала по цена од 8.750 денари.

AnimeHeaven Watch anime online, English anime online HD. Another Special (https://animeheaven.pro/m/mqb3) Episode Full

https://animefreak.ws animefreaks anime. Diamond Daydreams (Dub) (https://animefreak.ws/m/77aJ) Episode 12

AnimeDao Watch anime online, English anime online HD. Watch Tanaka-kun is Always Listless (Dub) Episode 7

KissAnime Catchthemes: https://catchthemes.com/support-forum/users/kissanimemx/