March 2, 2021 17:17
Свет

Чешките угостителски објекти отворија во знак на протест поради ограничувањата

Кафулињата и рестораните во Чешка ги отворија денеска вратите во знак на протест поради владините ограничувања воведени поради пандемијата на Ковид-19, а кои се затворени од октомври минатата година.

Стотици компании се приклучија на протестот, организиран од движењето „Chcipl pes”, чие име се однесува на владиниот антиепидемиски систем ПЕС, кој управува со ограничувањата.

– Долго време сме разочарани од Владата и сакаме да покажеме дека таа избрала погрешен пат. Уморни сме и сметаме дека министрите треба да размислат да ги напуштат своите работни места, изјави еден сопственик на пивница и ресторан во близина на Прага.

Портпарол на градоначалникот на Прага изјави дека на угостителските објекти кои самоиницијативно отвориле им се заканува максимална парична казна од 20.000 круни (932 долара) за прекршување на правилата.

Ресторани, кафулиња, пабови и барови, но и кина, театри, зоолошки градини, спортски сали и повеќето продавници се затворени за Чесите од октомври минатата година, освен краткотрајното олеснување на мерките пред Божик.

The Daily Life of the Immortal King (https://kissanimeonline.com/m/31Gn) Episode 15 at KissAnime kissanime seven deadly sins

Watch Naruto: Shippuden (Dub) Episode 349 at Funimation funimation anime