March 2, 2021 08:57
Свет

Чешките болници ги исполнија своите капацитети, ќе бараат од Германија да прими пациенти

Одделите за интензивна нега во Чешка го достигнаа својот максимален капацитет, а бројот на заразени продолжува да расте со брзо темпо, објави денеска чешкото Министерство за здравство.

Чешка е на врвот на светот според новозаразените на 100.000 жители во текот на 14 дена, и на второ место, по Словачка, според стапката на смртност

– На чекор сме да останеме без капацитети на интензивна нега, рече заменикот-министер за здравство Владимир Черни пред новинарите, изразувајќи жалење, пред се, поради недоволниот број квалификуваните здравствени работници.

– Во никој случај не можеме да ги задржиме сегашните норми на здравствена заштита, има забавување и одложувања во грижата за луѓето кои страдаат од други болести. Целиот систем е близу до своите граници, додаде тој.

Според заменик-министерот, владата треба да побара од Германија да прифати чешки пациенти, пред се од тешко погодените региони на западот на земјата.

Пред две недели министерот за здравство Јан Блатни беше критикуван за одбивањето на германската понуда за олеснување на преполната болница во Чеб, во западниот дел на земјата.

Владата им нареди на граѓаните од следниот четврток во јавните простори да носат маски ФФП2 или две обични маски, една врз друга.

Hori-san to Miyamura-kun (https://animeplanet.cc/m/q6vl) Episode 4 at website https://animeplanet.cc anime

Watch So I'm a Spider, So What? Episode 6 at website https://funimationfree.com. See more funimation youtube