Свет

Чешка сака да биде домаќин на самитот Путин-Бајден

Чешка го нуди својот главен град Прага да биде домаќин на првата средба меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Џо Бајден.

Ваква понуда денеска на Твитер објави чешкиот министер за внатрешни работи Јан Хамачек, кој во моментов е вршител на должноста шеф на дипломатијата.

– Им дадов инструкции на нашите амбасадори во Вашингтон и Москва да ја понудат Прага како можно место за средба, напиша Хамачек, додавајќи дека според него, Прага би било добро место за самит, бидејќи чешката престолнина веќе беше домаќин на слични самити во минатото.

Хамачек потсети дека состанокот меѓу Дмитриј Медведев и Барак Обама, кои во тоа време беа претседатели на Русија и САД, се одржа на 8 април 2010 година во Прага.

Рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Џо Бајден вчера разговараа по телефон по третпат откако Бајден ја презеде функцијата шеф на државата.

Белата куќа соопшти дека Бајден предложил да се одржи самит со Путин во трета земја во наредните месеци.

GoGoAnime dubbed anime: Dr. Stone (https://gogoanime.be/m/aYp9) Episode 24

KissAnime kissanime list: That Time I Got Reincarnated as a Slime Episode 24