October 18, 2021 12:47
Свет

Чешката десничарска СПД ќе го услови учеството во владата со барање референдум за напуштање на ЕУ

Чешката десничарска партија СПД, која може да одигра важна улога при формирањето на новата чешка влада, можно е да побара референдум за излез за земјата од ЕУ, денеска соопшти Томио Окамура, лидерот на партијата позната по своите позиции против ЕУ и НАТО, пренесува порталот „Прага наутро”.

-Еден од основните услови е во манифестот на владата да се вклучи закон за референдум, вклучувајќи ја и можноста за референдум за излез од ЕУ или потенцијално од НАТО, рече Окамура пред новинарите по средбата со претседателот Милош Земан.

СПД со години се залага за напуштање на ЕУ и референдум за ова прашање. Според најновото истражување, 66 отсто од Чесите се за останување во Унијата, додека 28 отсто сметаат дека треба да ја напуштат.

Обидите за одржување референдум досега беа „заглавени” во парламентот, а потегот на Окамура може повторно да го покрене ова прашање.

Владата на Андреј Бабиш се противи на законот за референдум, што ќе овозможи гласање за бројни прашања, како што е членството во ЕУ, и секој предлог за референдуми треба да има двотретинско мнозинство во двата дома на парламентот.

Изборите во Чешка треба да се одржат на 8 и 9 октомври и се претпоставува дека Бабиш ќе однесе победа, иако, според предвидувањата, нему ќе му биде потребна помош од партнерски партии за формирање влада.

Двете главни опозициски партии одбиваат да влезат во коалиција со Бабиш, нагласувајќи дека тој има конфликт на интереси како основач на бизнис империја.

Website https://animeflix.nl: Watch Stigma of the Wind animeflix Episode 24 hunter x hunter animeflix

Website https://animepahe.cc: Watch The Heroic Legend of Arslan animepahe Episode 6 watch animes

GoGoAnime Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Osomatsu-kun Episode 3

Mapleprimes: https://www.mapleprimes.com/users/kissanimemx

Tawk: https://tawk.to/kissanimemx