Спорт

Чех го имаше своето деби на хокеарски натпревар

Поранешниот голман на Челси и Арсенал, Петр Чех, го имше своето деби на хатпревар од хокеарска лига.

Триесет и седумгодишниот чешки спортист кој потпиша договор со британскиот клуб Гилдфорд Феникс, се појави на лизгалиштето како дел од новиот тим во дуелот со Свиндон Вајлдс.

Чех ја заврши фудбалската кариера по сезоната 2018/19. Екс-фудбалерот четири пати стана шампион на Англија со Челси (2004/05, 2005/06, 2009/10, 2014/15), ги освои пехарите од Лигата на шампионите (2012) и УЕФА Европа Лига (2013).