August 15, 2022 17:42
Спорт

Чеферин пред едногласна поддршка за втор мандат на чело на УЕФА

Поддршка од сите 55 земји – членки се очекува да добие словенечкиот адвокат Александар Чеферин за нов мандат на чело на Европската фудбалска федерација (УЕФА).

– Повеќе од 50 национални федерации ми испратија писмена поддршка. Фудбалската федерација на Србија беше меѓу првите, што многу ми значи, изјави Чеферин при денешната посета на Белград и разговорите со челните луѓе на српскиот фудбал.

Изборот за претседател на УЕФА ќе се одржи на 5. април 2023 година во Лисабон, а земјите членки на УЕФА имаат време до 5. јануари да предлагаат кандидати.

Чеферин е на чело на УЕФА од 2016 година, доаѓајќи на местото на Французинот Мишел Платини, кој, во меѓувреме, се соочи со судски процес по обвиненија за финансиски малверзации поврзани со пари од ФИФА.

sunwin

tải sunwin

tải sunwin apk

sun win

tải sunwin