November 29, 2020 05:18
Спорт

Четири натпревари без победник, само Ѓорче Петров со триумф

Четири од петте денешни натпревари од 10. коло во Првата македонска фудбалска лига завршија без победник. Единствено Македонија ЃП ги освои сите три бода.

Резултати:
Беласица – Борец 2:2
Македонија ЃП – Академија Пандев 3:1
Пелистер – Струга Трим Лум 1:1
Шкендија – Работнички 1:1
Вардар – Ренова 3:3.

Вчера Шкупи – Силекс 1:0.

Табела: Шкендија 22 бода, Шкупи 22, Македонија ЃП 19, Борец 16, Струга Трим Лум 15, Силекс 14, Работнички 12, Пелистер 12, Вардар 12, Ренова 8, Академија Пандев 7, Беласица 2.