December 15, 2019 20:13
Хроника

Четири момчиња се повредени во сообраќајна несреќа во Гостиварско

Четири момчиња се повредени во сообраќајна несреќа во Гостиварско, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– Вчера околу 23.40 часот на локалниот пат село Зубовце – село Дебреше, гостиварско, Џ.А.(23) од село Врапчиште, гостиварско, управувајќи патничко возило „мицубиши пајеро“, со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во ограда. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.М.(24) од село Врапчиште, додека возачот и сопатниците Е.З.(23) и Ч.Ш.(24), двајцата од истото село, се здобиле со телесни повреди – велат од МВР.

Тие биле пренесени во Ургентен центар во Гостивар за укажување лекарска помош. Увид на местото извршиле полициски службеници од Полициската станица Гостивар

Нови вести

Сопругот ја омаловажувал и ѝ се заканувал со остар предмет, заканите траеле долго време

zane

Тетовец го пријавил чичко му оти му се заканувал со секира

zane

Пијан кумановец омаловажувал полициски службеници

zane