October 22, 2021 08:34
Свет

Четири жени ограбиле аптека во Сан Франциско и побегнале со украдените производи

Очевидец снимил група жени како бегаат од аптека во Сан Франциско со полни торби со наводно украдени производи.

Мажот кој го снимил настанот им изјави на новинарите дека четири жени извршиле кражба, а кога ги прашал вработените во аптеката дали ќе повикаат полиција, тие само кренале раменици.

– Ваквите работи станаа нормални, истакна очевидецот.

Кражбите во продавници се во значаен пораст во големите американски градови, и поради тоа некои од нив морале да се затворат или да го ограничат работното време.

Неколку инциденти досега се снимени во Калифорнија, а властите наведуваат дека крадците ја препродаваат стоката и на тој начин заработуваат.

– Крадците не земаат една или две работи. Нашите истражувања покажуваат дека постојат организирани групи луѓе кои потоа заработуваат од украдените производи, изјави портпаролот на полицијата на Сан Франциско, Роберт Руека.

Владините претставници почнаа да вложуваат напори за да ги спречат кражбите во малопрподажбата.

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, кој се соочува со гласање за отповикување, минатата недела потпиша закон за создавање работни групи за борба против криминалот со цел да се реши проблемот со организираните кражби.

Website https://animepahe.cc: Watch ChäoS;Child: Silent Sky animepahe Episode Full anime online

Website https://animeflix.nl: Watch Wake Up, Girls! no Miyagi PR Yarasete Kudasai! animeflix Episode Full dubbed anime

Website https://kissanime.mx: Watch Taishou Mebiusline: Chicchai-san kissanime Episode 12 kissanime site closed

Website https://animetv.cc: Watch Recovery of an MMO Junkie animetv Episode 10 www2 anime tv

Animeflixnl xtgem: http://animeflixnl.xtgem.com/index

Spreaker: https://www.spreaker.com/user/14761012