October 14, 2019 01:34
Свет

Четири деца загинаа во пожар во Москва

Пет лица, меѓу кои четири деца, денеска загинаа во пожар што избувна во станбена зграда во московската област Волоколамск.

Во пожарот, кој избувнал на првиот кат, повредени се три лица, соопшти регионалното Министерство за вонредни состојби.

Во несреќата загинала една 30-годишна жена и нејзиното тригодишно дете додека се обидувале да избегаат, но се задушиле од чад.

телата на уште три деца биле пронајдени во еден од становите кои биле зафатени со пожарот.

Пожарникарите успеале да евакуираат 12 лица.

Пожарот избувна околу 2:30 часот по локално време. По пристигнувањето на противпожарната служба, два стана веќе биле изгорени.

Во зградата имало 17 жители, а причината за пожарот сè уште не е позната.

Нови вести

Сириската војска доаѓа на помош на Курдите

Igor

(Видео) Девет лица загинаа во експлозија во кинески ресторан

Filip

Макрон повика на итен состанок на комитетот за одбрана поради Сирија

Filip