July 10, 2020 00:12
Спорт

Четврти пораз во низа на Шалке, Баерн повторно убедлив

Екипата на Баерн Минхен со 5:0 ја совлада Фортуна во дуел од 29-то коло од Бундеслигата. Гостите во 15. минута преку дефанзивецот Матијас Јоргенсен ја затресоа својата мрежа. Останатие голови ги постигнаа Павард, Левандовски два и Дејвис.

Шалке попладнево загуби од Вердер Бремен со 0:1 и го запиша четвртиот пораз по ред.

Клубот од Гелзенкирхен нема победа десет натпревари во низа. Последен пат Шалке победи на 4 февруари против Херта во Купот на Германија (3:2). Ако ги земеме во предвид само натпреварите во Бундеслигата, серијата без победи е 11 натпревари. Во моментов Шалке е на десеттото место во германскиот шампионат, со 37 бода од 29 одиграни натпревари. По денешниот пораз уште повеќе се „тресе” тренерското столче на предводникот на Шалке, Девид Вагнер. 

Реултати од останатите натпревари:

Херта- Асгбург 2:0

Волфсбург-Ајнтрахт 1:2

Мајнц-Хофенхајм 0:1