September 23, 2019 07:33
Хроника

Четворица повредени во сообраќајката на патот Струмица-Валандово

Во сообрќајна несреќа што се случи во 10:40 часот на патот Струмица – Валандово пред селото Костурино повредени се четири лица кои се пренесени во болницата во Струмица,  информираше за МИА портпаролот на СВР Струмица, Хризантема Рендевска.

На патот моментно е создадена долга колона од возила кои се движат во правец од Валандово кон Струмица додека на лентата од спротивниот правец повремено се пуштаат возила.

Увидот на местото на несреќата се уште трае, а според првичните информации во сообраќајната несреќа учествувале три возила.

Нови вести

Помор на риби во Вардар, инспекторите на терен

Filip

Сопатници повредени при излетување на автомобил од патот Охрид – Кичево

Igor

Пред кафуле на „Партизанска“ кавга преминала во физичка пресметка

Igor