Балкан

Четворица повредени во несреќа со балон кај Љубљана

Tројца белгиски и еден словенечки државјанин се повредени во денешната несреќа при слетување на балон во Љубљанското мочуриште. Засега не е позната причината за несреќата.

Според првичните инфомации, околу 10 часот при слетувањето на балонот дувал силен ветер, поради што четворицата испаднале од корпата на балонот. Вториот балон слетал без проблем.

-Планот беше да се направи едночасовен лет од околината на Бистра до Барје. Тогаш се случи несреќа во областа Иг околу десет часот кога балонот слета. Меѓу повредените е 55-годишен пилот и патници на возраст од 28 и 54 години, сите белгиски државјани и еден 67-годишен словенечки државјанин, помошен пилот.

Од Центарот за балони во Барје велат дека екипажите на двата балони биле предупредени дека има ветер

Сите повредени од местото на несреќата се пренесени во клиничкиот центар, а според досега прибраните сознанија, нивните животи не се во животна опасност, изјави Томаж Томажевиќ од СВР Љубљана.

УКЦ Љубљана преку Твитер објави дека тројца од повредените се потешко, а еден полесно.

Тешка несреќа со балон се случи во Словенија во 2012 година кога се запалил балонот. Во несреќата загинаа шест лица. Балонот полетал и покрај прогнозите за нестабилно време и бура.

https://animeheaven1.com/. AnimeHeaven is the best animes online website, where you can watch anime online completely free. No download, no surveys and only instant premium streaming of animes.

AnimeHeaven Death Note (Dub) Episode 34

animeheaven app AnimeHeaven BANANA FISH

AnimeHeaven Fairy Tail

AnimeHeaven The Daily Life of the Immortal King 2nd Season Episode 4

watch anime dub That Time I Got Reincarnated as a Slime