March 9, 2021 10:29
Свет

Четворица малолетници обвинети за „соучесништво” во убиството на професорот Самуел Пати

 Продолжува истрагата за атентатот врз професорот по историја и географија Самуел Пати, за „соучесништво во терористички атентат” и „терористичко злосторничко здружение”, откако во октомври, седум лица, вклучувајќи и двајца ученици од основно училиште , беа изведени пред лицето на правдата.

Според информациите објавени денеска, четворица други ученици се обвинети во истрагата за убиството на 16 октомври на професорот Самуел Пати, поради тоа што на своите ученици им покажал карикатури на Мухамед, јави дописникот на МИА.

Тројца од малолетните лица се на возраст од 13 и 14 години,  и тие сега се обвинети за „соучесништво во терористички атентат”, со тоа што ја означиле жртвата на напаѓачот Абдулах Анзоров пред нивниот колеџ во Конфлан-Сант-Хонорин во Ивелин.

Четвртото лице, обвинето за „клеветничко обвинување”, е ќерка на Брахим Чхина, родител на ученичката кој стои зад медиумската кампања против професорот Пати.

Watch Kemono Jihen Episode 2 (https://gogoanime.be/m/3ova/ep-2) at GoGoAnime classroom of the elite gogoanime

The King's Avatar 2 (https://kissanimeonline.com/m/qln9) Episode 12 at KissAnime kiss x sis kissanime