November 26, 2020 19:22
Спорт

Честитки од Мекгрегор за Хабиб, кој се борел со скршено стопало

Хабиб Нурмагомедов вечерва го победи Џастин Гејџи покажувајќи дека е апсолутен шампион во УФЦ, а потоа реши да стави крај на кариерата. Хабиб во спортска пензија заминува со 29 победи во исто толку меча и останува запамтен како никогаш поразен.

Претседателот на УФЦ Дана Вајт откри дека Хабиб Нурмагомедов имал скршеница на ногата три недели пред УФЦ 254.

-Тој се бореше вечерва иако пред три недели скрши два прста и коска во стопалото. Сречни сме што воопшто имавме можност да го гледаме за последен ат, рече Вајт.

Многу спортисти му посакаа среќа на Хабиб, а се огласи и Конор Мекгрегор. Ирецот кој минатата година имаше контроверзна борба против Нурмагомедов и беа големи ривали во текот на изминативе години, овојпат реши да даде почит кон ривалот.

„Одличен настап. Јас продолжувам таму каде што застана. Почитување и уште еднаш сочуство поради смртта на твојот татко. Семејство Мекгрегор“, стои во пораката на Конор.