March 6, 2021 21:51
Македонија

Честитка по повод празникот Богојавление Христово-Водици од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Дозволете ми од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ да Ви го честитам денешниот празник Богојавление – Водици на сите верници кои го слават. На Богојавление е спознаена светата тајна крштевање, кога Исус Христос е крстен во водите на реката Јордан, од страна на СВ. Јован. Тоа ја симболизира надежта и извесноста на спасението.

Во овие тешки мигови за нашата земја и народ потребно е сплотеност, но и давање на надеж на секој еден човек дека може поинаку, мора подобро. Дека оваа земја е способна за големи победи и дека треба да се стави крај на неспособноста, нестручноста и тонењето надоле. Потребен е општествено рестартирање и обединување на сите прогресивни сили за обезбедување на сонот на подобра Македонија. Тоа е можно и тоа зависи од секој нас.

Уште еднаш за многу години Богојавление, мир и радост во срцата и душите на сите верници, и успех и среќа во домовите.

 

Бог се јави!

 

Watch Hunter x Hunter (Dub) Episode 93 at website https://animefreak.ws kiss anime freak

Scum's Wish (https://animeheaven.pro/m/dDx3) Episode 12 at AnimeHeaven sites like animeheaven