Македонија

Честитка од Џафери за 1 Мај: Силно да се залагаме за почитување на работничкиот труд

По повод 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, претседателот на Собранието Талат Џафери, упати честитка во свое лично име и од име на колегите пратеници во Собранието на Република Северна Македонија.

– Денес, кога светските економии трпат последици од пандемијата со КОВИД-19, тешкиот товар се сведува врз плеќите на работниците и секој се справува онака како може. Затоа да се потсетиме дека, не само на 1 Мај туку, во сите наредни 364 дена од годината силно да се залагаме за почитување на работничкиот труд, за заштита на работното место, за достоинствена плата и вреднување на работата на секој поединец, вели во честитката Џафери.

Не е доволно, порачува Џафери, само да посакуваме и да зборуваме за еднакво општество, ниту за почитување на човековите права доколку толерираме експлоатирање, замижуваме пред мобинг, не обезбедуваме пристојни работни услови согласно постојните и прифатени стандарди, доколку се уште постои нееднаквост во примањата помеѓу мажите и жените.

– Градењето на рамноправна заедница која се грижи за доброто на сите свои граѓани и ја стимулира желбата за личен и колективен придонес е одговорност на секој од нас. Нека биде таа одговорност мотив за менување кон подобро. Уште еднаш, дозволете да Ви го честитам, 1 Мај, и да Ви посакам да бидете живи, здрави и исполнети во кругот на најблиските, се вели во честитката од Џафери.

WCOStream we bare bears wcostream: Watch Jimihen!!: Jimiko wo Kaechau Jun Isei Kouyuu!! Episode 3

GoGoAnime gogoanime haikyuu to the top: Watch One Piece Episode 823 (https://gogoanime.be/m/ddJ/ep-823)