July 23, 2021 11:16
Македонија

Честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод празникот Курбан Бајрам

Дозволете во мое лично име и во име на членовите на ВМРО-ДПМНЕ, на сите граѓани на Република Македонија од исламска вероисповест, да им го честитам големиот празник Курбан Бајрам со искрени желби, пред се за добро здравје, хармонија и благосостојба.

Празникот Курбан Бајрам е празник на солидарноста и хуманоста кои се универзални вредности што обединуваат и поврзуваат. Да помогнеш и да подадеш рака на тој кому најмногу му треба, е врвна доблест и израз на човечност. Македонија покажала и докажала низ вековите дека  има традиција на взаемна толеранција, почит и разбирање, но најважно од се луѓето од различна вера или етничка припадност, да си бидат взаемна поткрепа и поддршка во премрежијата со кои сме се соочувале.

Така е и сега. Македонија и нејзините граѓани се соочуваат овие неколку години со големи проблеми и затоа е насушна потребата да бидат сплотени, да си подадат рака и заеднички да ги надминат предизвиците. Пандемијата, растечката сиромаштија, лошиот стандард и економската криза се премрежијата на новото време со кој мора заедно да се справиме. Колку повеќе си подаваме рака еден на друг, колку повеќе си помагаме, толку полесно ќе се справиме со тоа што сите нас не засега.

Нека е честит големиот празник Курбан Бајрам.

Website https://animedao.nl: Watch Overlord: The Dark Hero animedao Episode Full animedao re zero

KissAnime: My Roommate is a Cat anime episode 12 online free at https://kissanime.mx kissanime one piece

ANIMEFLIX: Devils and Realist anime episode 12 online free at https://animeflix.nl free anime

Hulkshare: https://www.hulkshare.com/kissanimemx

Balatarin: https://www.balatarin.com/users/kissanimemx

Yemle: https://yemle.com/profile/kissanimemx